52 дечиња од социјално ранливи семејства, од Берово, добија пакетчиња со слатки работи, како донација од Хуманитарната организација “Свети Спас”.Пакетчињата беа доделени од страна на Градоначалникот Пекевски, кој истакна голема благодарност до Хуманитарната организација “Свети Спас”, потенцирајќи дека, ваквите донации треба да бидат пример, во насока на подобрување на општественото живеење и никој во општеството да не заостане.“Хуманитарната организација на скопската православна епархија при М.П.Ц- ОА “Свети Спас” има за цел, да им помогне на сите луѓе, на кои им е потребна помош, без разлика на вера, националност, политичка определба и т.н. Оформена е со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и засега им помага на преку 350-тина семејства на кои што континуирано, секој месец, им носи храна, хигиенски производи, облека и слично.Од Општина Берово, порачуваме ,,Бидете хумани подарете, помогнете, кажете некому убав збор, не само денес, туку и секогаш кога ќе имате можност тоа да го направите, за Вас и за оние на кои им е потребно”.