Интересот за скејт културата меѓу младите во Берово, бележи пораст во последните неколку години.Скејт паркот кој беше направен токму за таа цел, каде маладите се собираа и секојдневно вежбаа секакви егзибиции, веќе цела година е оставен со скршени подлоги и претставува проблем за младите кои се занимаваат со скејтбординг.
До нашата редакција пристигна писмо од наши млади читатели, кои сакаат да апелираат за ситуацијата со скејт паркот и неможноста нормално да се развива оваа култура.