(ВИДЕО) ПРОЕКТ: „ЗАШТИТА НА ЖИТЕЛИТЕ ОД ЕДНА ПЛАНИНА ДОЛЖ ДВЕ РЕКИ“

(ВИДЕО) ПРОЕКТ:  „ЗАШТИТА НА ЖИТЕЛИТЕ ОД ЕДНА ПЛАНИНА ДОЛЖ ДВЕ РЕКИ“
јануари 04 16:27 2021

Кејот на река Брегалница во Берово, наскоро ќе блесне со сиот свој сјај, одново изграден, со заштитна ограда, целосно осветлен и ќе го врати сјајот на можеби најпосетеното место, каде што Беровчани, од најмал до најстар,  бележат голем број спомени.

Привршуваат градежните работи  на пешачката патека и заштитна ограда покрај река Брегалница, како и санацијата на кејските ѕидови и осветлувањето  на потегот од поранешниот хотел Македонија, до спојот со мостот на ул. ,,Велко Влаховиќ”.

Градежните работи се дел од имплементацијата на проектот ,,Заштита на жителите, долж две реки”, кој Општина Берово го спроведува во партнерство со Општина Струмјани од Република Бугарија, финансиран од Програмата Интеррег ИПА прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија.

Вредноста на договорот изнесува 172.072,00 евра, а изведбата на градежните активности е предвидена да биде завршена за неколку месеци.

  Категории: