БРЕГАЛНИЦА ОД ДЕЛЧЕВО Е ЕСЕНСКИОТ ШАМПИОН ВО ТРЕТАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА ИСТОК.

БРЕГАЛНИЦА ОД ДЕЛЧЕВО Е ЕСЕНСКИОТ ШАМПИОН ВО ТРЕТАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА ИСТОК.
декември 21 14:58 2020

Фудбалерите на делчевска Брегалница станаа есенски шампиони во Третата македонска лига, откако на вчерашниот натпревар на домашен терен го совладаа незгодниот Малеш од Берово.

Во мошне интересен натпревар, на кој беа досудени дури три црвени картони за гостинските фудбалери од Берово,екипата од Делечево успеа да постигне два гола во финишот на двете полувремиња и со тоа да го  заврши последното коло во ТМФЛ на чело на табелата.

Тренерот на Брегалница  Гоце Попов задоволен од играта  оцени дека  победата беше очекувана и додаде дека амбицитте и успесите на тимот и во вториот дел од сезоната ќе продолжат и ќе бидат крунисани со влез во втората фудбалска лига, но како што вели за сето тоа е потребна стабилна финансиска поддржка.

Сплотеноста на тимот беше клучна за победата на тешкиот натпревар во градското дерби против Малеш, истакна еден од капитените на делчевска Брегалница Даниел Атансовски и изрази задоволство од сите играчи.

Фудбалерите на Малеш цврсто се спротивставија и ја контролираа играта во првиот дел на натпреварот истакна тренерот Дамјан Аврамски, но сепак неколкуте судиски одлуки не одеа во прилог на екипата на Малеш и придонесоа за овој резултат.Тој им ја честиташе победата на делчевска Брегалница и им се заблагодари на топлиот пречек и организацијата од клубот.

Иако заинтересираноста за овој дерби натпревар меѓу двата соседни градови кој има долга традиција и е од големо значање беше на високо ниво, сепак поради ситуацијата со ковид натпреварот се одигра без пубилка.Интересот на ова фудбалско дерби го привлече и градоначалникот на Берово, кој го проследи натпреварот, па се надеваме дека заедно со градскиот татко на Делчево, ќе смогнат сили во наредниот период да придонесат за уште поголема поддржка за двата клуба од крајниот исток на државата.

  Категории: