Пингпонгот или познат како ( тенис на маса) е измислен во Англија на почетокот на 20 век, a играта наскоро се проширила низ целиот свет.Од 1988 година, е прогласен за Олимписки спорт за мажи и жени.
Од пред две години, овој спорт е присутен и во Берово, со формирање на пингпонгарскиот клуб ППК Берово.
Заинтересираноста на младите е се поголема, вели тренерот Јован Ковачовски, а клубот може да се пофали со 40 членови, претежно млади, кои за краток период освоиле доволен број на медали во поединечна и екипна конкуренција.
Упорноста и тренинзите шест дена во неделата резултира со првото место на табелата во втората лига регион два, без ниту еден пораз на клубот, а големи се шансите идната година клубот да се натпреварува во првата лига.
Клубот додава Ковачовски има организирано неколку државни првенста во Берово и има потенцијален кандидат за репрезентацијата во пинг понг на Македонија.
Додека другите младинци седат пред комјутерите членовите на ППК Берово напорно тренираат. Љубовта кон пинг понгот кој е еден од потешките спортови велат се јавила сосема случајно.
Амбициите на клубот се преку спортот,пинг понгот и младите во него достојно да го промовираат градот Берово и Македонија на европско и светско ниво.На добар пат се во тоа.