Носењето маски на отворено и кога сте сами станува задолжително, но не и ограничувањето на бројот на гости дома. Ова се главните одредби од измените на законот за заштита на населението од заразни болести. По амандманската расправа на матичната комисија за здравство, измените беа усвоени со 53 гласа за и 26 воздржани, против немаше. Не почитувањето на мерките ќе може да се казнува откако ќе бидат објавени во Службен весник. Исклучок од законската обрска за заштита на лицето ќе има при спортување, ако едно семејство се вози во ист автомобил, во угостителски објекти ако се почитуваат протоколите и за децата под 6 години. Сите останати ќе бидат ќе треба да платат 20 евра казна.
-задолжителното носење на лична заштита опрема на лицето, во смисла на маска, шал, марама… при излегување надвор од својот дом, задолжително при движење на јавни места, површини на отворен простро, пазари, јавен превоз, како и места каде што може да се соберат повеќе лица во исто време, во државни институции, маркети, банки…, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
За законските измени опозицијата гласаше воздржано.Претходно на Комисијата власта се откажа од мерката за забрана за повеќе од 4-ца гости дома.
-Не дозволивме кршење на уставот, изјави Кирил Пецаков, од ВМРО ДПМНЕ.
Со законските измени исто така се забранува групирање на јавен простор навечер. Задолжителна е самоизолацијата од закажувањето за тестирање до добивање на резултатот. Казната за ова е 50 евра. Исто така се зголемуваат и ингеренциите на инспекторатите како и лекување под посебни услови на Ковид пациенти во приватните болници на товар на Фондот.