ХУМОР:НАУЧНИЦИТЕ ПОТВРДИЈА! ЗАЕВ Е НОВИОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ!

ХУМОР:НАУЧНИЦИТЕ ПОТВРДИЈА! ЗАЕВ Е НОВИОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ!
јули 28 18:38 2020

После долгогодишно истражување на темата “Дали Зоран Заев е новиот Гоце Делчев?” научниците од Школата за Учење, Предавање, Анализирање и Критикување (скратено: ШУПАК) дојдоа до одговорот што ја голицкаше нашаземјастата јавност.

Имено, после напревени стотици анализи и симулации на иднината, научниците дојдоа до едно единствено предвидување за иднината, а тоа е дека Зоран Заев ќе биде новиот Гоце Делчев! Како што тврдат вработените во ШУПАК, за 150 години од сега, Зоран Заев, исто како и Гоце Делчев ќе биде предмет на дискусија и расправија со Република Бугарија.

Темата на расправијата ќе биде истата како и таа за Гоце Делчев – потеклото. Научниците велат дека ние ќе им го нудиме Зоран Заев на Бугарите тврдејќи дека е тој чистокрвен Бугарин, а тие ќе го одбиваат велејќи дека тој е жител на нашата земја.Научниците од ШУПАК се уште немаат одговор на тоа дали за 150 години ќе има референдум кој ќе го открие потеклото на Зоран Заев.

Автор:ZStefkovski/кооперација.мк

  Категории: