ПРВ СЛУЧАЈ НА КОРОНА ВИРУС ВО ПЕХЧЕВО.

ПРВ СЛУЧАЈ НА КОРОНА ВИРУС ВО ПЕХЧЕВО.
април 19 23:07 2020

Прв случај на коронавирус денеска е регистриран во Пехчево, доцна вечерва објави градоначалникот Драган Тренчовски, како и самиот заразен пациент кој е вработен во тамошниот Здравствениот дом.„Денес, кога на територијата на пехчевскиот регион е дијагностициран првиот инфициран пациент со корoнавирусот, чувствувам потреба како градоначалник на општина Пехчево, но пред се како ваш сограѓанин, да ве повикам на смирено и разумно однесување. Оваа реалност, наместо паника и ширење дезинформации, од сите нас бара да покажеме висок степен на сериозно и одговорно однесување, целосно почитување на мерките и препораките на институциите и грижа за сопственото здравје и здравјето на вашите најблиски. Апелирам да се почитува личноста и угледот на секој поединец независно дали е инфициран, тестиран, во самоизолација или во хотелски карантин“,напиша градоначалникот на Фејсбук.

Иако тој не го открива идентитетот, пациентот реши сам да објави на социјалните мрежи.

Симптомите, вели, ги почувствувал пред шест дена, како што се малаксаност и напад на треска кој траел 30 минути. Имал температура 37,4 која ја симнал со парацетамол, а потоа инсистирал да се тестира. Во четвртокот се тестирал во Центарот за јавно здравје во Кочани, а резултатот кој го добил бил позитивен.„Во последните 20 дена знам дека мојата релација на движење била Здравствен дом Пехчево – дома и клиниките во Скопје каде како должност и работа носевме пациенти на кои им требаше вистинска помош и никаде на друго место. Тоа значи дека вирусот е добиен од некои од пациентите сместени на некоја од клиниките каде ги сместував нашите пациенти“,

напиша тој на Фејсбук.

Тој ги повикува сите оние кои имаат симптоми или најмала сомнеж да се тестираат и да бидат внимателни за да се заштитат себе си и да спасат многу животи.

  Категории: