Подружницата на Тритерол во Берово како опшествено одговорна компанија денес донираше визери за потребите на лекарите од Здраствен дом Берово и Полициската Станица во Берово.Со оваа донација како што истакнуваат од Тритерол, сакаат да им помогнат на полицајците и лекарите од Берово и да покажат подготвеност за соработка и солидарност во овие моменти кога е најпотребно во нашата земја.
Заблагодарувајќи се за донацијата, претставниците од Здравниот До и Полициската станица во Берово, истакнаа дека донацијата доаѓа во вистински момент и оти ќе биде веднаш распределена онаму каде е најпотребна.