МУСЛИМАНИТЕ ГО ОДБЕЛЕЖУВААТ КУРБАН БАЈРАМ. АХМАДИЈА ЗАЕДНИЦАТА СО ХУМАНОСТ ВО НЕКОЛКУ ГРАДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА.

август 13 16:11 2019

Муслиманите во Македонија и насекаде во светот го одбележуваат Курбан Бајрам еден од најголемите муслимански празници.Со давање на курбан на сиромашните и загроѕените луѓе во Берово,Пехчево и Куманово,Ахмадија заедницата во Берово го одбележа почетокот на празникот.

Граѓаните упатија голема благодарност до членовите на Ахмадија заедницата и не изоставија да го покажат своето задоволство.

Курбан Бајрам, како што уште се нарекува Празник на жртвата затоа што тогаш се принесува жртва – курбан, се карактеризира со тоа што побогатите им помагаат на сиромашните.За Курбан обично се жртвува овен или крупна стока, а курбанското месо се дели на сиромашните,пријателите,соседите,на оние на кои највеќе им е потребно.

Инаку секоја година Ахмадија заедницата обезбедува хуманитарни пакети за сите граѓани на кои навистина им е потребна помош, без разлика дали се христијани или муслимани, а целта е секоја да ја почувствува топлината и убавината на празникот Бајрам и љубовта кон секој човек .