ДА СЕ РЕСТАРTИРА ДЕСТКОТО ОДМАРАЛИШТЕ ВО БЕРОВО.

октомври 05 22:57 2018

Еден од клучните можности за локален економски развој на општина Берово е рестартирање на некогашното Детско одмаралиште покрај вештачкото езеро. Ова во  Берово го истакна министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија, Зоран Шапуриќ.

„… Одморалиштето повеќе од 11 години не е во функција. Беа распишани повеќе неуспешни јавни повици, но, поради превисоката почетна цена за долгорочен закуп и дсега има заинтересирани инвеститори од странство. Сега постојат реални можности за негово рестартирање…“ кажа министерот Шапуриќ.

Министерот најавил и  дирекни мерки со кои ќе се помагаат локалните бизниси како инвестиции за сертификати за извоз, саеми, плати , опрема, хала во вкупен најголем можен процент до 50 %, или поточно по 10 % за секоја предвидена мерка.

Исто така како идеја била спомената и мерка за намалување на придонесите од плата, со цел зголемување на нето износот на работниците на подрачјето на Општина Берово, како оддалечено место од главниот град,  во насока на подобрување на  рамномерениот регионален развој во државата.

 

Извор: Тв Стар

  Категории: