Клепало станува реалност. Од бугарска страна веќе се асфалтира, јавува бугарскиот национален сервис БНТ. Градежната механизација е поставена кај селото Цапарево и е подготвена за асфалтирање на 15 километри долгата делница до село Микрево.
Изгорвен е и работен проект за останатиот дел од патот до идниот граничен премин Клепало:
Растојанието од Берово до граничниот премин е само 10 километри и отворањето на Клепало се очекува да донесе развој на економијата и на туризмот:
Фреквенцијата на возила и луѓе, е надеж за жителите од пограничните села за подобрување на условите за живот, зашто сега повеќето од нив се заборавени и отсечени:
Во моментов, граѓаните од двете страни на границата живеат на само неколку километри едни од други, а патуват многу за да се видат:
Од македонска страна делница е подготвна, но има потреба од поправка, за што се веќе преземени ангажмани. Очекувањата се дека до крајот на 2020 година или почетокот на 2021 година ќе биде отворен нов – четврти, граничен премин на Македонско – Бугарската граница.
Со отворањето на граничниот премин Клепало, патувањето од Берово до бугарската општина Струмјани ќе се скрати за околу 130 километри.
Извор: Тв Стар