ХУМАНОСТА НА АХМАДИЈА ЗАЕДНИЦАТА НЕ ЗАСТАНУВА. ДОДЕЛЕНИ НАД 600 ПАКЕТИ И ЛЕКОВИ НА НАЈРАНЛИВИТЕ ГРАЃАНИ.

јуни 14 17:56 2018

Ахмадија муслиманската заедница од Македонија, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам вечера во градот Пехчево, ја заокружи хуманитарната акција со доделување над 600 пакети во неколку градови на истокот, на најранливите категории граѓани.

Под мотото „Љубов секому, омраза никому“, џемаатот на Ахмадија заедницата заедно со хуманитарната организација Хјуменити фрст исто така обезбедија и лекови за беспомошните стари лица, каде заедно со лекарски патроли ги посетија селата, Робово, Умлена, Негерво и  Црник.

  • Денес ја завршуваме нашата акција кој ја започнавме пред неколку дена во Куманово, па така денес имаме и нешто ново кое претходно го немавме, а тоа е освен хуманитарни пакети ние обезбедивме и лекови. Пред малку докторите доделуваа лекови спрема нивните пациенти а останатите лекови ќе ги поделиме во околните села на терен на оние кои им е потребно тоа во нивните куќи.

Граѓаните упатија голема благодарност до членовите на Ахмадија заедницата и не изоставија да го покажат своето задоволство.

Инаку секоја година Ахмадија заедницата обезбедува хуманитарни пакети за сите граѓани на кои навистина им е потребна помош, без разлика дали се христијани или муслимани, а целта е секоја да ја почувствува топлината и убавината на празникот Бајрам и љубовта кон секој човек .

По месецот на постот утре муслиманите го слават најголемиот празник Рамазан бајрам, додека Ахмадија заедницата активно веке 20 тина години работи на овие простори со огромни резултати на почит и соработка меѓу луѓето.

 

 

  Категории: