Жителите на пехчевското село Црник ‘мрднаа со прст’ за реализација на работната акција “Заедно до поголеми детски насмевки”. Акцијата обедини 60-етина млади, деца и возрасни кои работеа на уредување на дворот пред детската градинка и поставување на детски реквизити.:
На овој начин, жителите на Црник уште еднаш ја истакнаа важноста од правилното детектирање на приоритетите , но и обединувањето околу нивно реализирање:
Од НВО КХАМ Делчево очекуваат да продолжи ентузијазмот на граѓаните за промена на нештата, но исто и совесно и грижливо да се одржуваат општите добра.
ИЗВОР: Тв Стар