СОНЦЕТО ЛЕКУВА НО И РАЗБОЛУВА-РАКОТ НА КОЖАТА ВО ПОРАСТ

април 16 17:33 2018

Сонцето лекува, но и разболува. Ракот на кожата, кој меѓу другото се поврзува и со прекумерно изложување на сонце, е  во постојан пораст, предупредуваат лекарите.

Во моментов, тој е присутен  со 5% од малигнитетите кај мажите и 4% кај жените и претставуваат шест најчест канцер кај мажите и седми најчест канцер кај жените.

Во моментов, ризикот за појава на оваа болест е 13 случаи на 100. 000 население. Ги погодува сите возрасни групи, но најчесто се среќава кај пациентите помеѓу 30 и 60-годишна возраст.

Малигниот меланом може да се јави на кожата насекаде на телото. Се проценува дека од  50% до 70% спонтано се развиваат додека остатокот започнува од постоечка бемка.

Ракот на кожата или малиген меланом, е причина за 1,5 % од вкупниот број на смртни счучаи предизвикани од канцер. Се смета за еден од најинванзивните видови на канцер, но истиот сепак може успешно да се лекува, само под услов да се открие на време:

  • Многу е важно навременото откривање, како кај сите карциноми, така и кај меланомот. Откако ќе се постави дијагнозата се применува кон лекување од тим на лекари во кои спаѓаат дерматолози, хирурзи, патолози и секако онколози, кажа д-р Јулијана Максимовиќ, дерматовенеролог.

Врската помеѓу ракот на кожата и сонцето е се поизразена, особено поради зголемувањето на УВЕ зрачењето. Токму и поради ова, пред сезоната на силно сончево влијание , неоходно е да се размислува и за заштитни мерки. Кремите со висок заштитен фактор уште од сега треба да бидат дел од секојдневните навики.

ИЗВОР: ТВ СТАР

  Категории: