Државата ги бара лицата – фантоми. Ќе ги пронајде ли или и овој пат ќе останат без идентитет?

Државата ги бара лицата – фантоми. Ќе ги пронајде ли или и овој пат ќе останат без идентитет?
март 22 18:33 2018

Државата ќе им дава идентитет на лицата фантоми, односно на лица кои не се пријавени во системот и живеат без каков и да е личен документ.

Досега , во 8 македонски градови беа пронајдени 5.116 лица без инедтитет, односно без каков и да е личен документ, на дополнителни   5.202 дел од документите што недостигале , а за 3.426 е покрената процедура. Од нив околу 1.000  се во општините од источниот дел на државата.

За тие да не останат надвор од системот, наскоро ќе се објави повик тие сами да се пријават во управата за матична евиденција:

  • Повикот ќе трае шест месеци, од 1 април до 30 септември 2018 година. Во овој период сите кои не се регистрирани или пак ги немаат регистрирано нивните деца во матичните книги да појдат во подрачните единици на Управата и да поднесат барање за дополнително запушување. Тоа важи за лицата родени во домашни услови или во здравствени установи, но, нивните родители не го пријавиле раѓањето, изјави Бујар Дарлишта, дир на Управа за водење на матична евиденција.

Паралелно со ова, ќе се работи и на промена на законската регулатива:

  • Ќе се направат измени на законите за вонпарнична постапка, за матична евиденција, за лични карти, живеалишта и престојувалишта. Со измените во Законот за вонпарничка постапка, судот ќе може да донесе одлука за решавање на статусот на некое лице ако дотогаш не може да го утврди времето и местото на раѓање, кажа Мила Царовска, министер за труд и социјална политика.

Најмалку еднаш месечно,  во регионот се раѓа бебе во домашни услови, за кое државата нема никакава евиденција. Најчесто, тоа се случува во екстремно сиромашните ромски семејства, а неретко, надвор од матичната евиденција се и родителите на новороденчето.

 

  Категории: