Во време кога политичките и етничките тензии често гидоминираат вестите од Балканот, туристичкиот сектор покажува дека автентичноста,квалитетот и традицијата немаат граници. Хотел Манастир од Берово ја понесепрестижната титула „Амбасадор на традиционалното гостопримство и кулинарнаавтентичност” на врвниот регионален настан Balkan Awards of Tourism Industry 2025,одржан на 03.12.2025 во Софија, во конкуренција со водечки хотели од Македонија, Бугарија, Грција,Србија и Косово.
Регионална соработка преку туризамОва признание е значајно не само за Берово или Малешевијата, туку за целата земја. Вовреме кога политичките дијалози честопати не се и најсветлата точка, туристичкиотсектор покажува како квалитетот и автентичноста градат мостови меѓу народите.Жирито, составено од туристички професионалци од целиот Балкан, ја препознавредноста на македонското традиционално гостопримство и автентичната малешевскакујна како регионално богатство.„Ова признание е доказ дека туризмот може да биде платформа за регионалнасоработка и меѓусебно почитување,” изјави нашата амбасадорка Агнеза Руси Поповска,која од името на организаторот, му ја врачи наградата на добитникот Хотел Манастирод Берово. “Гостите од Бугарија, Грција, Србија и Косово не гледаат граници – тиебараат автентични искуства, а хотел Манастир стана легенда за сите оние кои знаат штозначи автентичното традиционално гостопримство и уникатното кулинарство” изјавиорганизаторката Патриција Кирилова, виден новинар и ПР експерт, најавувајќи јанаградата.
Малешевијата на балканската туристичка картаХотел Манастир, сместен на 900 метри надморска височина во вистинска воздушнабања, стана симбол на она што македонскиот туризам може да го понуди – спој натрадиција, природна убавина, професионален сервис и еко-гурмански малешевскиделикатеси подготвени од локални продукти.Локацијата, на самата македонско-бугарска граница, но и во центарот на Балканот на150км од Скопје и на 160км од Софија и Солун, го прават достапен за гостите одсоседните земји, но и на интернационалната карта за балканските тури, резултирајќи соилјадници регионални и интернационални гости, кои ја избираат малата Швајцарија наБалканот-Берово, наместо скапите меѓународни дестинации.
Економски ефект и промоција на земјатаПризнанието на балканско ниво очекувано ќе има директен економски ефект. Веќеактивно се воспоставуваат релации со туристичките агенции од регионот кои ќе гопромовираат Хотел Манастир и Берово како премиум дестинација, кое пак неминовноќе донесе зголемен туристички промет, работни места и промоција на македонскитепроизводи и традиција на пошироко регионално ниво.
“Кога гостите од Бугарија, Грција, Србија или Косово доаѓаат во Берово и се враќаат совосхитување, тие стануваат најдобри амбасадори на македонскиот туризам,” велат одлокалната туристичката заедница.
Порака на надежВо време на предизвици, ова признание испраќа јасна порака: квалитетот,автентичноста и топлото гостопримство се универзални вредности кои ги надминуваатсите поделби. Туризмот не само што создава економски можности, туку гради имеѓучовечки врски кои ја јакнат регионалната стабилност.Балканскиот туристички самит Balkan Awards of Tourism Industry 2025 се одржува веќеповеќе од деценија со цел да ги промовира врвните туристички објекти и иницијативина регионално ниво и да ја поттикне соработката меѓу балканските земји вотуристичкиот сектор.