Берово ќе блесне во празничен сјај на 27 и 28 Декември со одржување на Новогодишен Базар и концерт, настан кој ќе ги изнесе граѓаните од своите домови и ќе ги донесе
празничните моменти на плоштадот „Димитар Беровски“.
Со почеток од 15:00 до 21:00 часот, базарот ќе биде отворен за сите љубители на празнична атмосфера, локални производи и забавна програма.
На плоштадот ќе бидат поставени штандови со:
● Греани пијалоци (греано вино, греана ракија, греан џин, греан рум, чај)
● Локални млечни производи и сирења
● Рачно произведени локални производи
● И други празнични изненадувања
Дополнително, на плоштадот ќе бидат поставени уреди со оган за да се одржи топлина и удобност за сите посетители.
Програма на настанот
27 декември (петок):
● 14:45 –Отворање на базарот
● 15:00 – Артист за деца Дарко Ѓурчиновски кој ќе ги забавува најмладитепосетители
● 16:00 – Пристигнување на Дедо Мраз и поделба на новогодишни пакетчиња за сите дечиња
28 декември (сабота):
● 15:00 – Настап на учениците од Узун под менторство на Жаклина Узунова Новогодишен Концерт – Вечер на Музика и Добра Енергија
На 28 декември, со почеток во 19:00 часот, во Бизнис Инкубаторот ќе се одржи Новогодишен Концерт со настап на предгрупата Трета Смена и познатиот изведувач
Павле Камиловски. Оваа вечер ветува незаборавна атмосфера и многу забава.
Цена на карти: 300 денари
Резервации: 078 234 723 / 077 725 712
Бројот на карти е ограничен, резервирајте на време!