Професорот по физика и иноватор Васил Механџиски, денес во гимназиската библиотека во средното училиште „Ацо Русковски“ во Берово, одржа предавање на учениците во областа на физиката, иновациите и големите успеси кои стојат во досегашносто негово искуство. Присутните средношколци имаа можност да ги слушнат достигнувањата на професорот Механџиски, како и да се запознаат со неговите професорски почетоци и да слушнат корисни совети и негови иницијативи токму за нив, кои ќе им помогнат во нивното идно факултетско школување.
Професорот со кој се гордее целиот град, оствари успех на 45-то издание на иновации Макинова, кој доби златен медал и прво место на целиот Балкан за неговата иновација, поточно спојување на физиката со современата медицина.
-Од 89 такмичари од целиот балкан, јас добив златен медела, прв на Балканот на интернационалниот натпревар, поради тоа што дадов еден проект, многу обемен и направив врска примена на физиката во научно медицинскиот развој, или тоа јас го преведувам научна револуција. Овој проект го работев долги години и моите квантни проекти, имаат реални величини. Тоа го сфатија луѓето кои беа петмина во комисијата за теорија и петмина доктори на нука за практика и ме прогласија за прв со благодарност за мојот научен труд – рече професорот Механџиски.
Особено важно за оваа награда е дека како финален производ на научниот труд на професорот, од спојот на неколку науки е произлегувањето на лековити масти, кој тој сам ги изработува во сопствена лабораторија на база на природни билки кои ги има во изобилство во Малешевскиот крај.
-Од мојата баба која помагаше на луѓето, го добив интересот да ги познавам сите треви и билки и да станам натурист. Потоа кога станав физичар и кога прочитав дека Никола Тесла рекол, дека сите лекови се околу нас, ние треба да ги пронајдеме и да ги користиме, јас тргнав со оваа теорија. Кај моите масти што ги произведувам, основата е сина или модра смрека, кој исто така го собираат и пчелите и тој медикамент е добар и ефективен за употреба. Јас додавам и други лековити билки од мојата биолошка градина која е заштитена од радиоактивни и кисели дождови и токму овие медикаменти се доста лековити посебно за реума, ишјас како и за човековата кожа, било за брчки, оштетувања и за сјајна, цврта и здрава кожа – додаде професорот Механџиски.
Зад него стојат голем број награди, дипломи и медали за неговите научни трудови, кои години наназад добиваат први места на натпреварите во земјата и странство. Идните планови на професорот и иноватор Васил Механџиски, кој со неколку професори негови соработници секојдневно работат на нови и корисни иновации, се со огромен обем. Идејата е во следниот период беровската туристичка населба „Суви Лаки“ како и дел од градот Берово, преку изведба на вакум, да добиваат бесплатна вода за пиење, а дополнително градот Берово да биде целосно осветлен бесплатно.
-Јас, професорот Драги Костадинов и магостерот на технички науки Славче Николов, претходната година учествувавме на меѓународно натпреварување и добивме сребрен медал за нашата разработена идеја, вадење на вода со вакум.Галилео Галилеј рекол: „Ослободете се од земјиното привлекување, тогаш течението ќе биде вечно“. Ги искористивме нашите знаења и сега имаме план во беровската населба „Суви Лаки“ на сите кои имаат куќи и кампови, да им направиме вода со вакум, во Берово да ставиме две наши пумпи без пари и да блика Берово со вода. Со оваа екипа имаме исто така да поставиме трансформатор и да го осветлиме Берово за Нова година без пари – рече професорот Механџиски.
За сите овие проекти, за идните идеи како и за профинкционирање на клуб во Народна техника во Берово, каде учениците би се надоградувале со знаења од професорот кои ќе придонесат за нивно стипендирање во универзитетите, Васил Механџиски стои на располагање, со многу изработени проекти кои би сакал да ги пренесе на беровските гимазијалци.
Неговите настојување во следниот период се преку Европската академија на науките, да се претстави на европско натпреварување и да ги изнесе неговите експерименти и научни проекти, со разработка на сите генијални светски научници физичари.
Што се однесува пак за природните масти кои ги прави професорот Механџиски, додава дека тие се универзални за секаква употреба а може да се обратите доколку сакате со можност и бесплатно да се добијат.
Секоја чест за професорт Механџиски и за неговите иновации и добиените награди. Му посакуваме долг живот и уште многу вакви успеси.
Во продолжемие погледнете видео од денешното предавање и фотогалерија: