(Видео+Фото) Берово и Врање градат мостови на пријателство преку фудбалот

(Видео+Фото) Берово и Врање градат мостови на пријателство преку фудбалот
декември 08 21:01 2024

Гости од српскиот град Врање, вчера во салата „Македонски бранители“ во Берово, одиграа пријателски фудбалски натпревар, со вљубеници на фудбалот од Берово, кои заеднички испишуваат позитивна приказна за пријателство и дружба која нема граници.

Околу 15 младинци од градот Врање, поврзани со фудбалот од кои неколку сеуште играат и тренираат, беа топло пречекани во нашиот град од нивните пријатели Беровчани, кои покажаа дека преку спортот се созадваат нераскинливи врски помеѓу двата града Берово и Врање.

-Се започна со нашето пријателство со Игор Сасански, од кое настана оваа пријателство помеѓу двата града Врање и Берово. Првата средба ја имавме оваа година во Врање, мислам дека беше во мај месец и сакаме понатаму да продолжиме да го градиме нашето пријателство. Секако не само да биде пријателство помеѓу нас другарите, туку целта ни е оваа пријателство да биде помеѓу двата града Врање и Берово. Ние сме овде во Берово прв пат и сакаме оваа традиција да ја продолжиме преку пријателство, другарство и двата градови. Нашето пријателство со Игор постои веќе 10 години, преку спортот и фудбалот имавме идеја да одиграме натпревар во Врање, тоа се случи и еве сега и овде ја реализираме оваа идеја. Целата наша екипа се бавиме со спорт и преку спорто сме ние тука сите пријатели. Јас и понатаму се занимавам со фудбал во понизок ранг, а од моите другари некои повеќе не играат, некои сеуште се тренери Се надевам дека повторно ќе се видиме и дружиме следната години, поточно не се надевам туку сум сигурен дека ќе се случи тоа – истакна Иван Стојковиќ.

Топлиот пречек на Беровчани во српкиот град Врање, беше повод да се покажат како добри домаќини на домашен терен и преку спортот да се заокружи позитивната слика на пријателство кое го градат и распространуваат овие младинци.

-Неколку пати ја одложувавме оваа средна, но денеска еве гостите успеаја да дојдат. Бевме топло пречекани од нашите пријатели пред неколку месеци, па сакаме во најмала мера да им возвратиме и ние тука, преку организација на овој ревиален натпревар една утакмица, а друга утакмица имаме вечерва во ресторанот „Мрс“. Се надеваме дека ќе биде фер и на двете утакмици и подобриот нека победи, со среќа на двете екипи. Во иднина имаме надеж да што повеќе вакви братски средби помеѓу нашите два градови – рече Дамјан Аврамски.

По интонирањето на двете химни на Република Македонија и Република Србија, беше одигран фудбалски натпревар, со краен резултат 7:4 загостинската екипа од Врање.

Освен фудбалскиот натпревар, гостите имаа можност да го запознаат нашиот град, а вечерта беше организирана средба на дружење во ресторанот „Мрс“ каде пријателите од српскиот град Врање, во една преубава дружба и убава атмосфера, со трпеза од традиционалните малешевски специјалитети, придружени со македонски и српски песни во живо, ги прославија убавите моменти кои заеднички ги градат овие млади ентузијасти.

Овој чин на пријателство е пример дека спортот нема граници и дека преку спортот се градат мостови на пријателство кои траат вечно и создаваат позитивни приказни на секое поле.

Видео од настанот:

Фотогалерија од настанот:

  Категории: