ОО ПДПР БЕРОВО СО РЕАКЦИЈА ЗА ДЕНЕШНИОТ ЧИН НА ЕВН ВО КОЧАНИ КАДЕ ГИ ИСЕЧЕ БАНДЕРИТЕ И ОСТАВИ РОМСКИ СЕМЕЈСТВА БЕЗ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

ОО ПДПР БЕРОВО СО РЕАКЦИЈА ЗА ДЕНЕШНИОТ ЧИН НА ЕВН ВО КОЧАНИ КАДЕ ГИ ИСЕЧЕ БАНДЕРИТЕ И ОСТАВИ РОМСКИ СЕМЕЈСТВА БЕЗ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
ноември 23 20:08 2024

По денешниот настан во Кочани, каде ЕВН-Македонија во асистенција со полицијата ја исклучиле електричната енергија и ги исекле бандерите кои ги снабдувале со струја граѓаните од ромска националност кои живеат во објектот „Стара Касарна“, со реакција излегоа Општинската организација на Партијата за демократски просперитет на ромите (ПДПР) во Берово, која најостро го осуди овој нехуман чин.

-Општинската Организација на ПДПР Берово најостро го осудува нехуманиот чин на ЕВН во координација со МВР-ПС Кочани, а со поддршка на локалната власт во овие сурови климатски зимски услови, граѓаните од објектот на т.н „Стара касарна“ во Кочани од Ромска националност, да ги остави во тотален мрак со исклучување од електричната енергија на еден брутален начин со пресекување на бандерите – истакнаа од партијата.

Во склоп на оваа реакција ОО ПДПР-Берово, се осврнаа и на проблемот со несоодветната и правична застапеност на Ромската заедница во Локалната самоуправа Берово, за вработување референт за ромски прашања, кој како што наведоа се игнорира веќе 8 години.

-Истовремено ОО на ПДПР Берово ја известува јавноста дека е во координација со претседателот на партијата за истиот на повисоко и јавно ниво го презентира проблемот за несоодветната и правична застапеност на Ромската заедница во Локалната самоуправа Берово, за вработување референт за ромски прашања кое нешто упорно се бара скоро 8 години но кое многу умешно, со манипулации и малверзации се игнорира решавањето на ова прашање – додадоа од ОО ПДПР Берово.