„Како кандидат за пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, мојот патриотизам е насочен и кон перспективно и економски стабилно Берово.Развојот на туризмот е стратешка економска гранка, компонента на платформата 1198, изборна програма, каде што велиме „Луѓето на прво место“.На страна 182 од платформата започнува поглавјето под наслов: МАКЕДОНИЈА- АТРАКТИВНА ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА со целосен фокус за обнова, реизградба и повторно отварање на целокупниот туристички потенцијал на Македонија“- истакна во денешното обраќање кандидатот за пратеник од партијата ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 3 Столе Кракутовски.
Кракутовски кој долги години заедно со неговото семејство работи во угостителството и развојот на туризмот, ги потенцираше главните и реални проекти кои се предвидени во програмата, со кои Берово конечно ќе се развива во главна туристичка дестинација во државата.
Во оваа прилика сакам да потенцирам неколку сегменти опфатени ВО ПЛАТФОРМАТА 1198 со кои се предвидува:
По огромната разлика во корист на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на претседателските избори, Столе Кракутовски им се заблагодари за големата поддршка на Беровчани и Малешевци и испрати порака до сите граѓани, повторно на 8 мај заеднички да се потврди победата на изборите за подобро Берово и подобра Македонија.
-Ве повикувам да одвиете време и внимателно да ја проследите ПЛАТФОРМАТА 1198, програмата е богата со проекти, идеи и решенија, Ве уверувам дека се што е предвидено и ќе биде реализирано.Во Вашите раце е иднината на нашето Берово, но и иднината на нашата Македонија.Да не дозволиме други да ни ја кројат судбината.Да останеме одговрни и да го потврдиме резултатот на 8 Мај – рече Кракутовски.
Во продолжение видео обраќање на кандидатот за пратеник Столе Кракутовски во ИЕ 3 од партијата ВМРО-ДПМНЕ: