Во Берово ќе се гради првиот копмлекс за здравствен и рекреативен туризам во регионот. Во моментов во тек е постапката за добивање одобрение за градба на комплексот кој ќе се протега на 5,5 хектари 2, а ќе се гради по германски терк и архитектура. Локацијата е покрај регионалниот пат Берово –Струмица во непосредна близина на отклонот за Русиново. Инвеститор е фирмата „Боров еликсир“, зад која стои локален жител кој живее во Скопје, а коинвеститорот е од Германија.
Ова е прв туристички комплекс кој се гради надвор од веќе постоечките туристички населби во Берово. Годишно, Општината издава по десетина дозволи за градба на индивидуални викенд куќи во населбата Беровско езеро.
Најголемиот адут за развој на туризмот и понатаму останува населбата Беровско Езеро.
Развојот на туризмот последниве години, на туристичко Берово му носи и приходи од туристичката такса.
Инаку,последните две години Берово во буџетот од туристичката такса која е по 40 денари од гостин, инкасира околу 650 илјади денари за пријавени 16 илјади туристи од земјава и странство.