Со положување на свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци во НОВ во близина на ОЈУДГ „23 Август“ во Берово и краток осврт за делото на паднатите борци, денеска, во Берово започнаа активностите за одбележување на 23 август, Денот на ослободувањето на Берово.
Делегации од политичкиот и јавниот живот положија цвеќе и се поклонија пред спомен плочата, во знак на висока почит кон нашите херои и борци, кои жртвувајќи ги своите животи, но и покажувајќи ја својата одлучност и херојство, ни овозможија слободно да живееме и да ја градиме и негуваме нашата држава.
Одбележувањето на денот, продолжи со традиционалната свечена Седница на Советот на општина Берово, која ја водеше Претседателката на Совет на Општина Берово, Марија Буровска.
Градоначалникот Звонко Пекевски се обрати пред присутните и честитајќи го денот, повикавајќи и понатаму да продолжиме заеднички да работиме за развојот на Берово и да реализираме уште многу успешни проекти, после што следеше видео презентација за сработените проекти во изминатата година.
На свечената седница беа доделени благодарници и плакети на поедницни кои допринесуваат кон континуиран раст и развој на општина Берово, а на учениците и менторите, кои постигнаа големи резултати во учебната 2022-2023 година, им беа доделени благодарници и парични награди.
Во чест на денот на општина Берово, 23 август, присутните имаа можност да уживааат во звуците на канонот на нашиот сограѓанин, професорот по народни инструменти, Тимко Чичаковскии, кој ја доловува магијата на канонот, еден од најстарите инструменти на Балканот, кој заедно со Јована Богдановска, како вокал, имаше извонреден настап во Берово.
Исто така беше поставена третата самостојна изложба на уметнички фотографии, од Мартин Буровски која низ уникатниот стил на колорит и мешавина на бои, долови различни мотиви.
Свеченоста заврши со интерпретација на песната ,,Мое Берово” од група Штекици.