Денеска во својот кабинет, Градоначалникот Пекевски, оствари средба со младите и надежни таленти Екатерини Самаропулу и Сара Видинска и нивниот ментор Бистра Поп Ѓорѓиева, кои неодамна се вратија од Бановичи, Босна и Херцеговина, каде што успешно се пласираа на Меѓународниот натпревар на млади истражувачи и техничари, ,,Бановичи 2023″.
Екатерини Самаропулу, во категорија агротехника, со проектот ,,Хидропонична кула”, освои златен медал, а Сара Видинска, во категорија високоградба, со проект ,,Концетрна хала во Сиднеј”, освои благодарница.
Градоначалникот Пекевски, упати благодарност за афирмацијата на Општина Берово во меѓународни рамки и им посака низ работа и труд, да продолжат да постигнуваат високи резултати.
Младите истражувачи, ги пренесоа своите впечатоци од натпреварувањето, убавите дружења и истакнаа дека тоа е едно прекрасно искуство за нив.
Преку Народна Техника од Берово, голем број на ученици, успешно се пласирале на бројни натпревари, со што, користеле и стипендии преку Министерството за образование и наука, донеле успеси и за општината и ја претставиле во вистинско светло.
Напред ученици, Берово се гордее со Вас!