Градоначалникот Звонко Пекевски упати честитка за празникот Рамазан Бајрам

Градоначалникот Звонко Пекевски упати честитка за празникот Рамазан Бајрам
април 21 09:36 2023

Во овие празнични денови на слога, заедништво и почит, на сите граѓани од исламска вероисповед, Ви упатам најсрдечни честитки, по повод празникот Рамазан Бајрам.

Најискрено, ви посакувам празничните денови, да ги поминете во мир, радост, здравје, љубов и среќа, во кругот на најблиските и во добро расположение.

Светиот месец Рамазан, носи голема духовната сила, на дарување и простување. Тоа е месец на зајакнување на вербата, разбирањето и почитувањето на другите, што им дава надеж на луѓето и поттикнува почит, добрина, разбирање и солидарност.

Со заедничко празнување на овој празник, јасно упатуваме на меѓуверската и меѓуетничката толеранција, взаемното разбирање и почит.

Само заеднички и сплотено можеме да ги надминеме сите предизвици.

Во овие празнични моменти, да се потсетиме дека само со чиста мисла и со чисто срце, можеме да изградиме просперитетна локална заедница, еднакво општество и подобар, поспокоен и подостоинствен живот за сите нас.

Нека е честит Рамазан Бајрам и за многу години!

  Категории: