За подобри општини, секој граѓанин треба да „мрдне со прст“

За подобри општини, секој граѓанин треба да „мрдне со прст“
септември 22 09:47 2010

За подобри општини, освен властите и секој граѓанин, исто така,  треба да „мрдне со прст“. Ова е мотото на кампањата која се спроведува во шест општини , а чија импелемнтација започна до Делчево:

  • Ова е прва предлог иницијатива која има за цел да се крене јавната свест кај населението за зачувување на животната средина, изјави Ромина Кајтазова, НВО КХАМ – Делчево

Иницијативата е на играорното дружтво „Гоце Делчев“ од Делчево чии членови се зафатија со реконструкција на летната сцена:

  • Ова е објект кој го гористет сите во текот на целата година. Ние си поставивме за цел да го исчистиме, вклучително и околината, да го офарбаме во боите на македонското збаме, кажа Зенил Реџепов, КУД „Гоце Делчев“.

Токму ова е и целта на акцијата „Мрдни со прст“. Да иницира конкретни активности од самите граѓани, а кои ќе дадат резултати корисни за сите:

  • Да предлагаат акции чии генерални теми се фокусираат на решавање на проблемите на поголем број луѓе, потенцираше Ромина Кајтазова, НВО КХАМ – Делчево.

„Играорци во акција“ е првата активност. Во периодот што следи, преку „Мрдни со прст“ ќе се спроведат уште 14 акции. 11 од нив се со граѓанско вклучување, а три се за застапување.

  Категории: