Во Берово, одржана 9-тата Седница на Совет на Источен плански регион

Во Берово, одржана 9-тата Седница на Совет на Источен плански регион
февруари 01 16:57 2023

Денеска, со почеток во 13:00 часот, во Салата за Совет на Општина Берово, Советот за развој на Источен плански регион, ја одржа 9-тата Седница на Совет на Источен плански регион.

На дневен ред на 9-тата Седница се најдоа следниве точки на дневен ред:

  1. Утврдување на Чиста на Предлог- Проекти за развој на Источен плански регион, за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година, со индикативно планирани средства за 2024 година;
  2. Предлог-Одлука за преотстапување на изградфен објект ,,Реконструкција на градски парк- Кочани”;
  3. Предлог- Правилник за определување на траењето на годишниот и платениот одмор и случаите на користење на неплатено отсуство:
  4. Предлог- Согласност за склучување на договор за отстапување на привремен агенциски работник за вршење привремени работи?Известување за обезбедени финансиски средства ;
  5. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во стручната служба на Центар за развој на Источен плански регион за 2023 година:
  6. Разно

Од страна на овластена служба за дезинфекција, дезинсекција и дератизација ЛИСА – КОМ МС, од Кавадарци, пред присутните, беа  презентирани услугите кои фирмата ги нуди за регионално третирање со адулативен третман  на комарци.

  Категории: