Во просториите на Општина Берово, денес беше одржана презентација на резултатите од унапредување на даночниот морал, кој што го спроведува Центарот за економски анализи, преку проектот на УСАИД, за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.
Според презентацијата, Берово бележи најдобри резултати, во подобрувањето на прибирање на даночноте приходи.
Долгот е намален за 25 % и Општина Берово има висока стапка на наплата на данокот на имот.
Исто така, анализата покажа дека 22 % од сопствениците на имот, се жени, додека 78 %, се мажи.
-Секој граѓанин-даночен обврзник треба да знае дека со навремено подмируваме на данокот на имот, го полни директно општинскиот буџет, преку кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти. Секој од нас, лично, придонесува за развојот на општината, која во иднина ќе ја красат: нови градинки, нови игралишта, нови улици, нови училишта, ново осветлување, нови паркови, еколошки проекти, нови проекти за економски развој – истакна градоначалникот Звонко Пекевски.
Резултатите може да ги погледнете на следниот ЛИНК