ШВАЈЦАРСКАТА АБАСАДОРКА Н.Е. ВЕРОНИК УЛМАН ВО ПОСЕТА НА БЕРОВО

ШВАЈЦАРСКАТА АБАСАДОРКА Н.Е. ВЕРОНИК УЛМАН ВО ПОСЕТА НА БЕРОВО
декември 06 16:56 2022

Швајцарската амбасадорка во Скопје, н.е. Вероник Улман денеска беше во посета на Берово. Заедно со градоначалникот Звонко Пекевски и претседателот на Советот на Општина Берово Марија Буровска, го посетија Домот за стари лица, ,,д-р. Иван Влашки”, каде што институцијата има континуирана поддршка од Швајцарија, во унапредувањето на услугите кои се нудат.

Амбасадорката Улман посетата ја искористи да се сретне со директорката на Домот за стари лица како и со корисниците, за кои швајцарската донација беше добредојдена, кога станува збор за зголемување на капацитетите на установата и унапредување на самите услуги.

-Се зблагодарив за поддршката која Швајцарија ја дава за Берово, преку разни форми на делување и ја информирав за проектите кои се имплементираат во Берово, како и за состојбата на локално ниво – истакна градоначалникот Пекевски.

Во рамки на денешната посета во Берово, амбасадорката на Швајцарија имаше средба и посета на ТППЕ Берово, каде што од страна на командирот на ТППЕ, Сашко Руменовски, Швајцарската амбасадорка, беше информирана за значењето на донацијата, која Швајцарија ја дава во областа на противпожарната заштита, при што во значителни размери, истата е унапредена изминатиот период.

Швајцараката амбасадорка, Вероник Улман, истакна дека општина Берово и понатаму ќе добива поддршка од Швајцарија и соработката ќе биде продолжена во сите општествени сфери, драго и е што е во Берово и го гледа Берово, како еден од најсериозните партнери за соработка.

  Категории: