Градоначалникот Звонко Пекевски, денес потпиша договор со фирмата ,,Пакомак” која на општина Берово ќе додели 200 индивидуални канти за за ПЕТ амбалажа, наменети за собирање и складирање на отпад за пакување. Упатувајќи благодарност до ПАКОМАК, градоначалникот Пекевски истакна дека новите канти ќе значат почеток за складирано управување со отпадот кој потоа може да се реупотребува и рециклира.
-Фирмата ,,Пакомак” од Скопје и овој пат е партнер на општина Берово, кога станува збор за собирање и складирање на отпад. Денеска, потпишав договор, со кој на општина Берово ќе и бидат доделени 200 индивидуални канти, за ПЕТ амбалажа, наменети за собирање и складирање на отпад од пакување.Новите канти, кои ќе значат почеток на складирано управување со отпадот, за семејствата во Берово, ќе придонесат во засилување на системот за собирање на отпад , кој може да биде реупотребен и рециклиран.Полека но сигурно продолжуваме со воспоставување на систем за селектирање на комуналниот отпад во општината и градиме чиста и здрава животна средина, за сите нас – рече градоначалникот Пекевски.
Селектирањето на отпадот и грижата за животната средина во која сите заедно живееме, почнува од секој од нас. Никој друг не може да го земе пластичното шише од вашиот дом и да го фрли во контејнерот за селекција, освен вие самите, а вашиот избор не е само ваш, туку и избор за тоа како ќе живеат вашите деца, порачуваат од „Пакомак“ од каде упатуваат совети за правилно селектирање отпад.