Пред споменикот на нашиот великан, Димитар Поп Ѓеорѓиев Беровски, на градскиот плоштад, во Берово, денеска е одбележан, 23-ти октомври -денот, кога е формирана Македонската револуционерна организација.
Славејќи го овој ден, ја празнуваме идејата на македонските револуционери, за самостојна и независна држава и им оддаваме почит, на хероите, што се бореа за денешната слобода.
Во чест на денот, пред споменикот,беше прочитан краток реферат, во кој беше истакнато за основањето на Македонската револуционерна организација, кое го означило почетокот, на организираната борба на македонскиот народ, кој преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа и преку НОБ, се изборил за создавање самостојна македонска држава.
Делата на хероите, кои се изборија за создавање на државата, се доказ, дека на овој начин, може да се придонесе за напредок, просперитет и развој .
Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба!