ЗАМЕНИКОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПОСЕТА НА БЕРОВО

ЗАМЕНИКОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПОСЕТА НА БЕРОВО
октомври 11 14:26 2022

Заменикот Народен правобранител Соња Трифуновска, вчера во Берово оствари средба со граѓани во рамките на проектните активности поврзани со проектот „Проект на УСАИД за инклузија на Ромите“ кој го спроведува институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ во 20 општини во Македонија. Целта на посетата како што истакна заменикот Народен правобранител е да се запознаат граѓаните од ромската заедница со надлежностите, како може да им се помогне и упатување на начинот како се пишува претставка до Народниот правобранител.

-Здружението „Ромалитико“ има склучено договор со Народниот правобранител за поддршка од во нивните средби со цел за објаснување на надлежностите на Народниот правобранител, во насока на помошта што може да им ја пружи на граѓаните. За таа цел сите заменици, државни советници од канцеларијата во Скопје на Народниот правобранител и од подрачните канцеларии низ Македонија, сме на терен за да се запознаеме со граѓаните од ромската заедница, да ги упатиме за начинот како се пишува претставка, со кои проблеми се занимаваме ние, како можеме да им помогнеме, во сите области со коишто законот за Народниот правобранител ни дава можност да постапуваме – рече Трифуновска.

Трифуновска додаде дека оваа година институцијата Народен правобранител има зголемен број на претставки од граѓаните, а особено е зголемен бројот во областа на извршителите и правосудството.

-Ние секојдневно доставуваме како Народен правобранител, годишен изваштај кој го цени Собранието на Република Македонија. Се занимаваме со проблемите на граѓаните од сите области, од областа на здравство, правосудство, посебно за извршителите каде што се зголемуваат броевите на преставките односно поплаките што ни доаѓаат од грѓаните, меѓутоа тука се и проблемите за децата, проблемите од образованието, пензиските фондови, работните односи, финансиите значи со многу области. Начинот на кој што рабоетиме е граѓанинот доаѓа пишува претставка, го образложува својот проблем, го насочува органот кој што му извршил прекршување на нивното право, потоа ние ги прераспределуваме по области и постапувамне заедно со нашите советници. Што се однесува до бројот на претставките, секојдневно се зголемува бројот, имаме пораст особено оваа година. Би ги издвоиле во правосудството иако ние не можеме да влијаеме во одлуката на правосудниот систем, ние не се мешаме во надлежноста на судовите и нивниот пишан збор, меѓутоа помагаме кога се однесува за прашање за судење во разумен рок. Исто така заголемен број на претставки имаме кога се работи за прашања со извршителите – додаде Тифуновска.

Секојдневното делување во многу области на Народниот правобранител придонесува до успех на повеќе претставки да бидат реализирани во корист на граѓаните, додека

-Ние секојдневно работиме на подобрување на нашата работа и желбата за што поголем број на претставки да бидат реализирани, значи да им се помогне на граѓаните. Успеваме не дека не успеваме и верувајте ни дека се што е во граница на нашата моќ и закон, делуваме скојдневно на сите начини и во сите области. Во случај да не ни одговараат институциите имама право во согласност со закон да упатиме една ургенција, потоа имаме право да повторна, исто така имаме право да укажеме за начинот за отстранување на дадени констатирани повреди од страна на органот, меѓутоа на крај се се сведува на тоа да ние навистина помагаме на граѓаните – истакна Трифуновска.

На денешната средба со ромската заедница во хабот во Берово, граѓаните имаа можност директно да се запознаат со презентирање на делокругот и работата на Народен прабобранител, покренување постапки пред Народен правобранител за заштита на нивните граѓански права и слободи и прашања од страна на Ромската заедница за најчести проблеми со кои се соочуваат , а за кои може да се покрене постапка пред Народен правобранител.

Инаку Институт за истражување и анализа на политики – Ромалитико , заедно со партерските организации Реди, Романо Авази и Ромаверзитас поддржани од USAID North Macedonia го спроведуваат „Проектот на УСАИД за инклузија на Ромите“. Времетраење и имплементација на прокетот е четири години, додека општата цел на проектот е да се намали дискриминацијата кон Ромите и да се подобри нивната инклузија во општеството.

  Категории: