ЗАПОЧНА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

ЗАПОЧНА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА
септември 01 13:05 2022

Новата учебна година за сите ученици од основните и средните училишта, денес после две години од пандемијата започна без посебни здравствени протоколи.Во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово и шесте подрачни училишта, вкупно се запишани 656 ученици.Со топло добредојде и свечена програма, беа пречекани идните првачиња, каде бројот на запишани во прво одделение е вкупно 65 што за 16 ученици е помал бројот во однос на претходната година рече директорката на основното училиште.

-Како училиште целосно сме подготвени и во текот на летниот период заедно со вработените го искористивме да направиме санација и реконструкција на дел од објектите, се со цел учениците поудобно да се чувствуваат во училиштето.За прв пат во училиштето во Берово и сите подрачни училишта ќе седна 65 првачиња, а наставата ќе се реализира.Посебно среќни сме дека после две години наставата во училиштето започнува без здравствени протоколи.Оваа прилика ќе ја искористам, на сите ученици и вработени да им го честитам почетокот на новата учебна година, да им посакам здравје, многу среќа и да редат само успеси – рече м-р Наташа Аврамска, директор на ООУ„Дедо Иљо Малешевски“ во Берово.

Најрадосни беа родителите на првачињата, кои им посакаа успешна школска година и добро здравје на своите најмили, со надеж за многу успеси во училиштето.

Основното училиште ООУ„Дедо Иљо Малешевски“ во Берово, ја започнува школската година со преуредени холови и училници, како и хортикултурно уредување на училишниот двор, што покажува дека како и секоја година нашето школо преставува репер во државата за грижата и здравјето на сите ученици.

Учениците пак од прво, второ, четврто и петто одделение во првото тримесечје ќе учат од работни материјали, бидејќи новите учебници по новите наставни програми уште се изработуваат и се во различна фаза на одобрување, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Во средното училиште „Ацо Русковски“ во Берово, училишниот ден започна за 325 средношколци, во три гимназиски и три стручни насоки, од кои во прва година се запишани 77 што за 22 ученици е помал бројот во однос на запишаните од претходната година.

И ООУ ,,Никола Петров Русински “ ден го започна со свечена програма, каде што се  запишани вкупно 80 ученици,  во 9 паралелки.

Новата учебна година позитвно ќе започне со повисока Септемвриска плата за 32.500 вработени, од кои 25.000 наставници во основното и средното образование која е повисока за 15 проценти.