ИМЕТО МАЛЕШЕВО ГО НОСАТ ДВЕ СЕЛА ВО СОСЕДНА СРБИЈА

ИМЕТО МАЛЕШЕВО ГО НОСАТ ДВЕ СЕЛА ВО СОСЕДНА СРБИЈА
мај 26 01:49 2022

Дали сте знаеле дека името Малешево го носат две села во соседна Србија.Случајно наидовме на оваа информација, па решивме да истаражиме за овие населби.Карактеристично за овие две села е тоа што наликуваат на нашата Малешевија по убавта природа, прекрасните шуми и реки, а главно занимање на жителите е земјоделството, сточарство и шумарство, слично како и во Малешевскиот крај.

Првото село со име Малешево се наоѓа во североисточниот дел на Србија, во општина Голубац во Браничевскиот округ.Според пописот во 2011 година, имало 226 жители.Според жителите на Малешево, селото го добило името по Милош Обилиќ.

Според жителите, Милош е по потекло од овој крај. Во селото постои дури и неговата бања, од кога денес останала само кадата, издлабена во камен, која е позната како „Милошевата када“. Селаните веруваат дека пред да замине на Косово да се бори, Милош престанал да гради црква во близина на селото и таму ги сокрил сите свои богатства. Црквата постои и денес и се вика Тумански манастир. Не се знае каде се наоѓа богатството, се верува дека дел од богатството го однеле Турците, а другиот дел го сокриле во околината на селото.

село Малешево – Општина Голубац

Според кажувањата на постарите жители на селото, во атарот на селото има место наречено „Ајдучина“. За време на турското владеење со Србија во периодот од 14 до 19 век таму се криеле бандити и ги криеле своите богатства што им ги украле на Турците. Тоа место и денес се нарекува така и има многу љубопитни луѓе од селото и околината кои знаат за оваа приказна и кои неуморно се обидуваат да го најдат тоа богатство.

Во близина на селото, на патот кон манастирот Туман, се наоѓа место кое популарно се нарекува „Гобишта Расина“. Жителите на селата кои имаат ниви во близина на тоа место, секоја година додека ги обработуваат тие земјоделски парцели, наоѓаат делови од коски, за кои се верува дека се од човечко потекло, бидејќи според легендата имало гробишта на луѓе наречени Расини, по што беше именуван.

село Малешево – Општина Голубац

Во близина на селото има рид покриен со густа шума. Селаните велат дека таму живееле самовилите (митологија). Самовилите биле како вештерки и велат дека ќе го убијат секој што ќе стапне на нивна територија. Самовилите не беа како оние од бајките, туку беа зли суштества, кои со својата песна намамуваа залутани селани, а потоа ги убиваа. Некои жители се уште се плашат од тоа место и велат дека кога ќе поминете покрај шумата се слуша чуден и морничав звук.

Второто село под истото име Малешево кое исто така се наоѓа во соседна Србија во општина Рековац (Поморавска област).Според пописот од 2011 година, овде живееле 115 жители.

Во населеното место Малешево живеат 123 полнолетни лица а просечната возраст на населението е 46,2 години (42,1 за мажи и 50,5 за жени).Во населбата им 44 домаќинства, а просечниот број на членови по домажинство е 3,32.

Оваа населба во голема мера е населена со Срби (според пописот во 2002 година), а во последните три пописи е забележано намалување на бројот на жители.

 

  Категории: