ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА “ИЛИНДЕНСКА” ВО РАТЕВО

ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА “ИЛИНДЕНСКА” ВО РАТЕВО
јули 25 18:37 2023

Со средства од Владата на РСМ, преку Министерството за транспорт и врски, ќе се подобрува патната инфраструктура  во с. Ратево.

Вчера, со Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, градоначалникот Пекевски, го потпиша договорот за ,реконструкција на улица ,,Илинденска” во с. Ратево, која што е главна и најфреквентна улица во селото .

Ќе се реконструира улицата во должина од 940 метри, со широчина од 3 метри, со предвидени места за разминување.

Проектот опфаќа и реконструкција на селскиот мегдан, со соодветно сообраќајно решение, со одводнување,  со прифатна решетка и обнова на цевасти пропусти.

Реконструкцијата на ова улица,  е од големо значење за жителите од с. Ратево, кои ќе добијат соодветен пристап до своите имоти, подобар квалитет на живот и полесен пристап до црквата.

За реконструкција на ова улица од Буџетот на Министерството за транспорт и врски, ќе бидат потрошени 8,5 милиони денари.