ЈАВЕН ПОВИК ЗА СВИКУВАЊЕ НА СОБИР НА ГРАЃАНИ ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТ НА МЕСНА ЗАЕДНИЦИ ВО С.МАЧЕВО

ЈАВЕН ПОВИК ЗА СВИКУВАЊЕ НА СОБИР НА ГРАЃАНИ ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТ НА МЕСНА ЗАЕДНИЦИ ВО С.МАЧЕВО
ноември 09 20:44 2022

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа (“Службен Весник на РМ” бр.5/2002), а во врска со член 84 од Законот за локална самоуправа (“Службен Весник на РМ” бр.5/2002), Одлуката за распишување избор на членови на Совет на месна заедница на подрачјето на општина Берово Бр.08-3851/1 од 03.11.2022 година и Одлуката за распишување избор на членови на Совет на месна заедница во село Мачево Бр.08-3851/4 од 03.11.2022 година, Градоначалникот на Општина Берово објавува:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА

СВИКУВАЊЕ НА СОБИР НА ГРАЃАНИ

ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТ

НА МЕСНА ЗАЕДНИЦИ ВО С.МАЧЕВО

  1. Градоначалникот на општина Берово ги поканува жителите на с.Мачево да земат учество на собирот на граѓани за избор на членови на Совет на месна заедница во с.Мачево.
  1. Изборот за членови на Совет на меснaта заедница во село Мачево ќе се спроведe на ден 10.11.2022 година (четврток), со почеток во 19:30 часот, во просториите на ПУ “Дедо Иљо Малешевски” во с.Мачево.
  1. Постапката за предлагање, утврдување и избор на членови на Советите на месните заедници ќе ја спроведе Комисијата за спроведување на постапка за избор на членови на Советите на месните заедници формирана од страна на Градоначалникот на општина Берово.

Бр.08-3851/5                                                                                ОПШТИНА БЕРОВО

03.11.2022 година                                                                          Градоначалник

Берово                                                                                            Звонко Пекевски

  Категории: