ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ЖЕЛЕЗНИЧКИ ШИНИ КОИ ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ЗА ЈАВЕН ИНТЕРЕС

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ЖЕЛЕЗНИЧКИ ШИНИ КОИ ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ЗА ЈАВЕН ИНТЕРЕС
август 24 14:42 2022

Врз основа на ОДЛУКА  за користење и распределба на железнички шини Бр.09-3109/1 од 22.08.2022, се известуваат граѓаните на Општина Берово, дека можат да поднесат барање , за доделување на шини- тип S-45, доколку сметаат  дека шините можат да ги употребат и користат за општо добро и во јавен интерес.

Шините можат да се доделат на правни  и на физички лица, по поднесено барање до општината, но само доколку истите бидат користени за општо добро и во јавен интерес, односно  за изградба и санација на мостови.

Се повикуваат граѓаните на општина Берово, кои имаат потреба од шини,  во корист на општо добро и јавен интерес,  да поднесат Барање до Архива на Општина Берово, после што Комисија формирана од Градоначалникот, ќе  излезе на лице место, да ја утврди фактичката состојба и за истата да состави записник, кој понатаму ќе го достави до Советот на Општина Берово,  на одлучување.

Воедно се известуваат граѓаните дека , сите поднесени барања за доделување на железнички шини,  по допрен глас, пред донесувањето на  одлуката за користење и распределба на железнички шини Бр.09-3109/1 од 22.08.2022, ќе бидат земени во предвид и разгледани од страна на Комисијата.

Барањето за доделување на  железнички шини, можете да го превземете на следниот ЛИНК . 

  Категории: