ЈАВЕН ПОВИК
за ангажирање на 23 извршители (даватели на услуги) во рамките на
Проектот “Возврати со љубов, грижа и почит”
Врз основа на Договор за гранд бр. 1/2020, склучен помеѓу Министерството за труд и социјална политика, Општина Берово и ОЈУСЗСЛ ,,Др. Иван Влашки”, Правилник за начинот и обемот на социјалните услуги, нормативите и стандардите за давање на социјалните услуги помош и нега во домот (Службен весник на РСМ бр. 268 од 24.12.2019 година), ОЈУСЗСЛ ,,др. Иван Влашки”, во соработка со Општина Берово распишува:
I.ОЈУСЗСЛ ,,др. Иван Влашки” има потреба од ангажирање на 23 извршители (даватели на услуги), за потребите по Проект “Возврати со љубов, грижа и почит” и тоа:
II.Опис на проектот
Проектот ќе понуди помош и нега во домашни услови, за стари и изнемоштени лица на територијата на Општина Берово и лица кои живеат во руралните населби, вонинституционална грижа на ранливи категории граѓани и нивна интеграција во општеството.
Со проектот ќе бидат опфатени 60 (шеесет) стари лица, од кои со место на живеење во градот Берово, во зависност од потребата и во 8-те (осумте) селски населби на територијата на општина Берово, а кои имаат над 65 години живеат сами без секојдневна грижа и нега која им е потребна, имаат лоши услови за живот, постои отсуство на редовни лекарски прегледи и слично.
Избраните кандидати (негователи на стари и изнемоштени лица) ќе имаат платен работен ангажман најмалку 4 часа дневно или вкупно 20 часа неделно, со платени плата и придонеси преку Агенција за привремени вработувања со која давателот има склучено договор, почнувајќи по завршување на Обуки и стекнување со сертификат за завршена обука за неговател верифицирана од ЈУ Центар за образование на возрасни.
III.Работни задачи на ангажираните лица
(Услугата во домот се дава согласно Листа на активности за остварување на услугата помош и нега во домот, ПРЕВЗЕМИ ЛИСТА), во согласност со поединечните потреби на секое лице)
За работно место под број 3 (1 Координатор на проектот)
Му обезбедува поддршка на корисникот во изборот на негувател од евиденцијата на достапни негуватели во соработка со стручниот работник во ЈУ МЦСР Берово;
IV.Квалификации за сите
IV.1 За работно место под реден број 1 (20 -негователи)
IV.2 За работно место под реден број 2 (1-возач)
IV.3 За работно место под реден број 3 (1-Проектен координатор)
IV.4 За работно место под реден број 4 (1-Асистент на проектниот координатор)
V.Договор и обврска за известување
Со лицата кои ќе бидат избрани за извршители, согласно јавниот повик, правата и обврските, ќе бидат уредени со Договор за вработување/ преотстапување на работник помеѓу давателот на услугата, ОЈУСЗСЛ ,,Др. Иван Влашки” и Агенција за привремени вработувања.
VI.Времетраење на ангажманот и исплата на финансиските средства
Работниот ангажман на сите ангажирани 23 извршители е предвидено во период за времетраење од една година.
VII.Документи за пријавување
– Кратка биографија.
– Мотивациско писмо,
– Документи кој ќе го потврдат степенот на завршено образование, согласно точка IV од овој повик.
-Уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци) во оргинал или копија заверена на нотар.
VIII.Начин на пријавување
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите наведени во точка IV од овој повик, потребно е да ја достават потребната докумантација преку архивата на ОЈУСЗСЛ ,,Др. Иван Влашки” или по пошта до ОЈУСЗСЛ ,,Др. Иван Влашки”, ул.,,Маршал Тито” Бр 8/А, 2330 Берово, со назнака за: “ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на 23 извршители (даватели на услуги) во рамките на Проектот “Возврати со љубов, грижа и почит”.
Рокот за аплицирање е од 10.02.2021 до 24.02.2021 година до 15.30 часот.
Лице за контакт: ЕМИЛИЈА ПОПОВА
Телефон за контакт: 078/293-118
Ненавремената и некомплетната документација нема да биде разгледувана.
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите коишто ги исполнуваат условите.
ОЈУСЗСЛ,,Др. Иван Влашки
Директор
Живка Бојчовска Каламадевска