Уште шест нови случаи со присуство на бактеријата салмонела, денес се потврдени кај дечиња од Берово истакнаа од Центарот за Јавно здравје во Кочани.
-Денес поточно утринава се потврдени уште шест лица со присуство на бактеријата салмонела.Од пристигнатите мостри испитувањата покажаа дека бактеријата е присутна кај овие лица, со што вкупниот број се искачи на 11 лица – истакна директорот Гоце Серафимов.
Инаку претходно првичните резултатите од анализите на кочанскиот Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) покажаа дека нема салмонела кај вработените и на површините во беровската детска градинка „23 Август“.