Фудбалерите на Малеш денес во Берово, со убедлива победа од 3:0 против Раклиш, ја зацврстија првата позиција на табелата во Третата македонска лига исток.Црвено сините беа апсолутно расположени за игра, па со двата голови на Пачемски и еден на најдобриот голгетер во лигата Симевски во првиот дел, екипата на Малеш замина на полувреме со три постигнати гола. Во вториот дел доминацијата на Беровчани беше нешто послаба и покрај неколкуте шанси не успеаја да постигнат погодок.
Тренерот на Малеш, Дамјан Аврамски изрази задоволство од играта на фудбалерите и истакна дека мотивацијата која ја има тимот е на високо ниво и се надева дека и понатаму екипата на Малеш ќе остане на првото место.
Стрелецот на двата гола во денешниот натпревар против гостите од Раклиш, Митко Пачемски, кој е и кондиционен тренер на тимот, додаде дека со напорна работа и тренинзи, резултатите се видливи на екипата на Малеш која е најспремна во третата лига.
Амбицијата на фудбалскиот клуб Малеш е влез во втората лига, а за сето тоа ни е потребна поддржка и помош од сите Беровчани рече претседателот на клубот Новица Печински, кој додаде дека после повеќе од една денценија црвено сините се на врвот на едно фудбалско натпреварување.
Малеш е во одлична серија со 6 победи и еден пораз, а во следното коло му гостува на тимот Спартмани во Струмица.
Инаку екипата на Малеш со своето 101 годишно постоење е најстариот фудбалски клуб во Македонија и еден од најстарите во поранешните југословенски простори.Со ваквата амбициозна игра екипата од фудбалско Берово полека но сигурно ветува врќање на старите денови кога владееше во втората лига.