Белгискaта манекенка Мариса Папен го предизвика ерусалимскиот рабин, фотографирајќи се гола на терасата над Западниот ѕид.Фотографијата со контроверзната 26-годишна манекенка над еврејското свето место ја објавил белгискиот весник „ХЛН“.
На фотографијата се гледа како Ереите се молат пред ѕидот.Рабинот Шмуел Рабиновиц ова го нарече бесрамен инцидент што ја нарушува светоста на местото и ги навредува чувствата на верниците.
На својот блог, Папен редовно ги објавува своите весели фотографии од различни делови на светот.Минатата година таа помина 24 часа во египетски притвор, бидејќи беше фотографирана гола пред храмот во Карнак.
Извор: Тв Стар