Со 13 гласа ЗА и ниту еден против, денеска на 10-тата Седница на Совет на општина Берово, усвоена е завршната сметка на Општина Берово за 2021 година.
Притоа од планирани 334.580.000,00 на приходна и расходна страна, реализирани се 306.801.289,00 денари на приходна, од кои потрошени се 286.842.030,00 денари.
Од основниот Буџет за 2021 година, од проектирани 100.949.186,00 денари, реализирани на расходна страна се 82.456.375,00 денари.
Од Буџетот на дотации, планирани се 180.636.965.00 а реализирани на расходна страна се 172.130.549,00 денари.
Од Буџетот на самофинансирачки активности, кој беше проектиран на сума од 15.954.000,00, реализирани на расходна страна се 13.288.855,00 денари.
Од Буџетот на донации, од проектираните 37.039.849,00 денари, а реализирани на расходна страна се 18.966.251,00.
Или вкупно реализирани , на приходна страна се 306.801.289,00 денари, од кои :
Вкупно реализација на расходна страна се 286.842.030,00 денари, од кои :
Покрај завршната сметка на Буџетот на Општина Берово за 2021 година, усвоени на 10-тата Седница на Совет на Општина Берово, се најдоа и финансиските извештаи на единките кориснички и годишните извештаи по програмите и проекти од Одделенијата при Општина Берово.