УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО СКОПЈЕ ДОДЕЛИ 15 СТИПЕНДИИ ЗА ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ НА ОПШТИНА БЕРОВО

УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ВО СКОПЈЕ ДОДЕЛИ 15 СТИПЕНДИИ ЗА ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ НА ОПШТИНА БЕРОВО
мај 04 17:12 2022

Делегација од Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, предводена од ректорот, д-р Аце Миленковски, денеска, во просториите на Општина Берово,  оствари работна средба со градоначалникот на Општина Берово , Звонко Пекевски и раководителот на ЛЕР, Ѓорѓи Пеовски, заради потпишување на Меморандум за соработка, во интерес на развој на туризмот, образованието и науката.

Потпишувањето на овој меморандум, однзачува   почеток на меѓусебната соработка помеѓу овие две институции, во насока на партнерство при  аплицирање на проекти, организација на  настани од заеднички интерес, подобрување на капацитетите на вработените во општината и  целосна поддршка на општина Берово, во насока на развој на туризмот, науката и образованието.

Во рамки на посетата, Градоначалникот Пекевски и Ректорот Миленковски развија  конструктивна дебата, за состојбите на локално, но и на централно ниво, за начинот на унапредување на образовните процеси, мотивирање на студентите на учење и развој,  при што во духот на добрата соработка, ректорот Миленковски му врачи на градоначалникот Пекевски, ваучер со 15 стипендии за додипломски студии, наменети за жителите на Општина Берово.

На општината и се доделени 15 стипендии за упис на додипломски студии во академската 2022/23 година, за четиригодишни студии,  со целосно покриени трошоци за студирање на  Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, кој ги  нуди следниве студии : економски факултет, факултет за туризам, меѓународен маркетинг, човечки ресурски , информатика и претприемништво.

Условите и  критериумите под кои општината ќе ги додели овие стипендии, дополнително на транспарентен начин ќе бидат утврдени.

  Категории: