ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ВИЕНА.

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ВИЕНА.
ноември 03 03:13 2020

Во Виена е во тек полициска акција по пукањето што вечерва се случило во близина на синагога.

Според австриските медиуми, вечерва имало пукање и бомбашки напад пред синагогата во центарот на Виена. Тие пишуваат дека во близина на Шведенплац се слушнале неколку истрели и дека едно лице се разнело со појас со експлозив. Според неофицијални извори, во терористичкиот напад загинале седум лица, од кои еден полицаец.

Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер откри дека еден од напаѓачите е убиен, а друг е во бегство. Претходно полицијата во Виена на Твитер соопшти дека полициските службеници се испратени на местото на настанот и дека деталите за инцидентот ќе бидат објавени подоцна.

Тие исто така додаваат дека имало повеќе напаѓачи и дека биле во бегство. Полицијата побара од луѓето да го избегнуваат местото на настанот и пошироката област.

Ројтерс објави дека во тек е распоредувањето на полициски сили во центарот на Виена и додаде дека локалните медиуми известуваат за нападот во близина на синагогата.

Извор: Слободна Европа

  Категории: