СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ОД ГИМНАЗИЈАТА “АЦО РУСКОВСКИ” ЗАПИШАНИ ВО ПРВА ГОДИНА ДОБИЈА ПОДДРШКА ОД 5000 ДЕНАРИ

СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ОД ГИМНАЗИЈАТА “АЦО РУСКОВСКИ” ЗАПИШАНИ ВО ПРВА ГОДИНА ДОБИЈА ПОДДРШКА ОД 5000 ДЕНАРИ
септември 07 12:57 2022

На вкупно 77 средоншколци, од прва година, кои годинава за прв пат, се запишаа да учат во ОСУ.,,Ацо Русковски” во Берово, денеска им се исплатени по 5.000,00 денари, како поддршка за обезбедување на потребниот училишен прибор, на почетокот на учебната година.

Оваа мерка, е дел од Програмата за социјална заштита, за 2022 година, но и мерка за младите, да им помогнеме во обезбедување на потребните работи за учење.

-Секоја година, континуирано ги зголемуваме средствата во Буџетот, за оваа намена и сметаме дека им преставува поддршка на родителите во семејниот буџет.Подобрување на условите за учење, се нашите приоритети, врз основа на кои, изминатите години, ги темелиме општинските политики.
Продолжуваме и понатаму да работиме во интерес на младите, со цел да ги мотивираме да постигнуваат поголеми резултати и се надеваме дека и учениците задоволни , ќе даваат максимум од себе и ќе постигнуваат успеси – истакна градоначалникот Пекевски.

На сите ученици им посакуваме среќен и успешен почеток на учебната 2022/2023 година.