СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ПРИВАТЕН НЕДВИЖЕН ИМОТ ОД БЕРОВО УТРЕ ПОВТОРНО НА ШТРАЈК ПРЕД ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА

СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ПРИВАТЕН НЕДВИЖЕН ИМОТ ОД БЕРОВО УТРЕ ПОВТОРНО НА ШТРАЈК ПРЕД ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА
април 17 15:31 2022

Сопствениците на приватен недвижен имот од Берово, утре повторно излегуваат на мирен штрајк пред општинската зграда во градот, со кој како што истакнаа повторно ќе побараат поништување на донесената одлука од Владата за заштитено подрачје Малешево врз приватните имоти на Беровчани.

-Сакаме да истакнеме дека не се работи само за нашите приватни шумски имоти, тука спаѓаат и недвижниот приватен имот на пасишта, ниви и ораници за кои ќе побараме уште еднаш да се поништи одлуката на заштитено подрачје „Малешево“ во кое спаѓаат голем дел од нашата приватна сопственост.Сакаме да ги известиме сите граѓани од Берово утре од 9 до 12 часот пред општинската зграда да ни се придружат на мирниот штрајк со цел да ги оствариме нашите барања кои засегаат голем број на луѓе во Малешевијата – истакнаа сопствениците на приватен недвижен имот од Берово.

Доколку не се исполнат нивните барања, сопствениците на приватен недвижен имот од Берово продолжуваат со штрајкот, кој во следните денови своите незадоволста ќе ги искажат со блокориње на патот од градот Берово до Беровско езеро.

  Категории: