СЕ АСФАЛТИРААТ ДВА КРАКА ВО СЕЛО МИТРАШИНЦИ

СЕ АСФАЛТИРААТ ДВА КРАКА ВО СЕЛО МИТРАШИНЦИ
октомври 25 13:55 2022

Во рамките на програмата за локални улици и патишта, за 2022 година , се асфалтираат два крака во с. Митрашинци.Едниот крак е со должина од 88 метри, вториот со должина од 86 метри, со широчина од 3 метри.Едниот од двата крака, беше со оштетена инфраструктура, додека другиот за прв пат добива асфалт.

Со подобрување на патната инфраструктура во населените места, уште еднаш ја потврдуваме грижата за сите и го олеснуваме пристапот на жителите до нивните имоти.За реконструкција на двата крака од с. Митрашинци, од Буџетот на Општина Берово за 2022 година ,ќе бидат потрошени 907.565,00 денари.

  Категории: