Владејачката СДСМ вечерва на седница на Извршниот одбор ги потврди првите дваесетина кандидати за градоначалници на локалните избори од нивната партија.
Засега беше потврдено дека за градоначалник на Скопје повторно ќе се кандидира Петре Шилегов, а претседателот на СДСМ Зоран Заев на локален настан во Валандово објави кандидатура на тамошниот актуелен градоначалник Перо Костадинов. За повеќето општини како кандидати се предложени сегашните градоначалници.
За Арачиново кандидат е Миликије Халими, за Бутел Велимир Смилевски, за Богданци Блаже Шапов, за Валандово Перо Костадинов, за Босилово Зоран Зимбаков, за Вевчани Сашо Јанкоски, за Виница Ивица Димитров, за Градско Роберт Бешовски, за Делчево Горан Трајковски, за Демир капија Лазар Петров, за Дојран Анго Ангов, за Зелениково Борче Гиевски, за Карабинци Јордан Насев, за Кисела вода Филип Темелковски, за Конче Благој Илиев, за Крушево Томе Христоски, за Маврово Медат Куртовски, за Лозово Ацо Велковски, од Новаци Љубе Кузманоски, од Охрид Константин Георгиевски, за Пехчево Славчо Пауновски, за Пробиштип Драган Анастасов и за Ресен Живко Гошаревски.