РЕЦЕНЗИЈА: СИНА ВЕЧЕР, ТХЕ ШТЕКИЦА И ПРИЈАТЕЛИТЕ, КОНЦЕРТ КОЈ ГО РАЗБРАНУВА КУЛТУРНИОТ ЖИВОТ ВО БЕРОВО

РЕЦЕНЗИЈА: СИНА ВЕЧЕР, ТХЕ ШТЕКИЦА И ПРИЈАТЕЛИТЕ, КОНЦЕРТ КОЈ ГО РАЗБРАНУВА КУЛТУРНИОТ ЖИВОТ ВО БЕРОВО
март 11 16:30 2024

На 6-ти Март се случи едноставно КОНЦЕРТ кој ке се памети и уште долго ке се зборува,и раскажува за него. Протагонисти беа Беровските Ролинг Стоунси / групата Тхе Штекица,Триото Мато Мише и Ване …. помогнати од Васко и Орце. По 40 години аметерска дејност тие застанаа на професионална музичка сцена и покажаа дека со неколку месечните проби, може на публиката да и се подари задоволство кое ги задоволува ама баш сите балкански музички критериуми и стандарди.

Публиката не го очекуваше тоа професионално ниво и позитивно збунета и изненадена од љубовта која зрачеше од сцената ги пееше песните заедно со Тхе Штекица и нивните гости, кои пак не штедејќи ги своите професионални музички квалитети докажани во земјата и надвор од неа, дадоа уште поголема енергија која зрачеше од сцената. Водителката Камелија Левенска, на еден прекрасен начин го долови времето кога имаше Сини Вечери, и со една убава елоквентна речитативност даде белег на вечерта.

Музичкиот печат и белег на групата е песната МОЕ БЕРОВО која полека но сигурно станува химна на Беровчани и културен и музички идентитет на Малешевијата , подарок за следните генерации. Убаво е кога барем за миг публиката за борави на сите грижи и проблеми што не мачат во овие тешки времиња и барем малку отпатува во некоја друга димензија која се вика љубов сакање и почит кон убавите звуци и вибрации кои лебдеа над сите нас . Музиката и уметноста се секогаш најдобрата медицина и лек за душата .
Брависимо за сите протагонисти на вечерта, Брависимо ТХЕ ШТЕКИЦА.

Пишува: Горан Алачки

  Категории: